маркира св. и несв.

маркира (св. и несв.)

Оттогаш сите места што сме ги поминале заедно со Никифор, како да ми останаа маркирани во душава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
III Комисијата неколку дена ги обиколуваше терените околу селото, се качуваше по бреговите и планините, срамнуваше со картата, маркираше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го маркираа анот, гнездото го најдоа празно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го маркираа анот, гнездото го најдоа празно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Смртта низ целиот живот ни навраќа како дрвосечачот: некогаш само ќе нè маркира за подоцна да ни наврати одново.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)